Премиерот информира дека имал средба со претседателот и извршен директор на Атлантскиот совет, Фредерик Кемпе со кого разговарале за актуелните геополитички предизвици, улогата на Македонија во евроатлантските интеграции и можностите за продлабочување на соработката во иднина.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон, каде што покрај иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, говореше и за односите на земјава со Грција, а особено со Бугарија и патот на земјава кон Европската Унија (ЕУ).
„Во разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет. Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди“, напиша премиерот во објава на Фејсбук.
Дополнително, исто така, преку социјалната мрежа, премиерот информира дека имал средба со претседателот и извршен директор на Атлантскиот совет, Фредерик Кемпе со кого разговарале за актуелните геополитички предизвици, улогата на Македонија во евроатлантските интеграции и можностите за продлабочување на соработката во иднина.
„Средбата претставуваше одлична можност за размена на ставови и идеи со еден од водечките експерти за меѓународни односи“, вели Мицкоски во објавата.
Целиот разговор со премиерот Мицкоски во Атлантскиот совет во Вашингтон можете да го погледнете ТУКА.
Инаку, премиерот во Вашингтон ќе биде и еден од говорниците на годишната Конференција за конзервативна политичка акција, потврдија денеска организаторите, објавувајќи промотивно видео на социјалните мреж