Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател @chrispavlovski сопственик на @rumblevideo
компанијата каде дел од акционерската структура се и @howardlutnick, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД како дел од новата администрација на претседателот Трамп. Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарди долари.
Разговаравме за инвестиции на Рамбл во Македонија во делот на дигитализацијата. Имајќи предвид дека Крис има македонско потекло, Македонија е тема која е секогаш дел од нашите разговори, зборувавме за предизвиците кои се дел од сегашноста, но и иднината.
Се бориме за напредок и иднина на нашите граѓани и татковината.
Премиерот Христијан Мицкоски на платформата Х.