МИЦКОСКИ : ОДРЕДЕНИ КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ЗЕМААТ ЗАМАВ ДЕНОВИВЕ, ОХРАБРЕНИ СЕ ОД НЕКОИ ЦЕНТРИ НА МОЌ, АМА ЌЕ ГИ ПОБЕДИМЕ И ЌЕ ГИ ПИКНЕМЕ ВО ЗАТВОР СИТЕ ДО ЕДЕН!

0
255

Ова е одговорот што премиерот Христијан Мицкоски го даде на прашањето дали граѓаните може да се чувствуваат безбедно откако за помалку од 24 часа во главниот град се случија две престрелки од кои едната со смртен исход.

  • Криминални структури имало и ќе има. Во овој период на транзиција поединци земаат замав, некои се охрабрени од некои центри на моќ, но ние ќе се бориме и ќе ги победиме, изјави на денешната прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претседателката на Судскиот совет.