МИЦКОСКИ : ОВАА ВЛАДА ГО ИЗЕДЕ МЕСОТО ОД БУРЕКОТ, НАРОДОТ ЈАДЕ СИМИТ ПОГАЧА

0
180

Засекогаш. Според индексот на мизерија Македонија е на врвот во Европа. Светска банка вели дека над 600 000 граѓани живеат со само 150 денари на ден. Државава е во врвот во Европа по инфлација, најниски плати и пензии, истото е и со индексот на корупија. Неславни шампиони во сите категории.

И што прави доскорениот премиер за сето ова. Објаснува за пити буреци, и сака да не убеди дека сега луѓето со платите можеле да купат повеќе бурек од пред 10 години.

Но и кога ги прави пресметките не кажува дека бурекот кој го нуди е без месо, симит.

Зошто месото во сите пресметки кои ги кажува, во реалноста го изеде инфлацијата. И запомнете секоја во нивна фалба дека ги зголемиле платите, пензиите и споредба со порано, е изоставена инфлацијата која го изеде секое покачување на народот. И добро знае народот колкава е неговата куповна моќ. И за да не се збори за овие работи, тие зборуваат за Европа.

И додека тие зборат за Европа, ја купуваат Соравија. Додека зборуваат за европски фронтови, зад завесата одбираат подзведувачи за Бехтел и енка. Додека се расфрлаат со бројки за европски плати и стандарди, крадат од РЕК.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешната конвенција за избор на кандидат за претседател на државата.