Акцијата за новогодишната кошничка започнува од 15-ти декември, а бројката на производи е зголемена за повеќе од 800, изјави денеска на новинарско прашање премиерот Мицкоски.
„На мое големо задоволство компаниите, трговците, производителите, дистрибутерите, бројката на производи ја зголемуваат и таа е повеќе од 800, веќе не е 600. Сите тие ќе бидат означени, а за тоа ќе се грижи Државниот пазарен инспекторат, којшто континуирано ќе ја следи работата на маркетите, и очекувам навистина да биде семејниот буџет да биде заштитен со намалувањето на цените на овие производи“, нагласи премиерот Мицкоски.
Оваа акција започнува за два дена, на 15-ти декември. Од Владата очекуваат позитивни ефекти.