Поздрав до почитуваните претставници на медиумите.
За мене претставува навистина задоволство кога можам да го поминам денот во една ваква производна единица како што е компанијата „Костал Македонија“.
Импресивни се и плановите за во иднина. Импресивни се и новите инвестиции од 50-тина милиони евра во следниве 4 години, но и планот за извоз поголем од половина милијарда.
Кога на сето ова ќе се додадат и други можни инвестиции во Македонија од страна на „Костал“ тоа значи дека ние како Влада треба да имаме, но и мислам дека имаме, посебен пристап кон однесувањето на инвеститорите без разлика дали се тоа странски или домашни, но ваков тип на инвестиции треба да ги поддржуваме и да ги охрабруваме што повеќе да инвестираат и да ги задржиме тука кај нас.
Јас како претседател на Владата апсолутно многу пати во минатото сум го кажал, ќе го кажам и ќе го повторам тоа и сега дека сè што можеме како Влада да бидеме пријатели на бизнисот на економијата, го правиме и ќе продолжиме тоа да го правиме, бидејќи денешниот современ патриотизам е токму тоа.
Јас сум убеден дека исклучително квалитетната соработка, благодарение на градоначалникот, којшто компанијата ја има и овде со Општина Охрид, ќе продолжи и во иднина. Ја поздравувам и работата на градоначалникот. Така што мислам дека има една исклучително голема и убава квалитетна енергија да оваа успешна приказна продолжи и понатаму да биде уште поуспешна.