Tuesday, June 17, 2025
26.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: НИКОЈ НА ДОМАЌИНСТВАТА НЕ ИМ ПОНУДИЛ АЛТЕРНАТИВА, ЗАТОА НЕ ТРЕБА ДА ГИ ОБВИНУВАМЕ ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, ВЛАДАТА СЕГА РАБОТИ НА ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ, ЕДЕН Е ЦЕНТРАЛНО ГРЕЕЊЕ

„Не треба да ги обвинуваме домаќинствата затоа што тие немаат алтернатива, за жал никој до сега не им обезбедил алтернатива, а кога би имале тогаш третирањето на темата би било поинакво и работиме на тоа да обезбедиме алтернатива за домаќинствата.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска на надзорната расправа во Собранието за аерозагадувањето.

Премиерот Мицкоски додаде дека најчесто таа алтернатива е централно греење, а во моментов само дел од Скопје има таков начин на затоплување преку централно греење и има индивидуални обиди во општини каде е инсталираат гасни котли за затоплување на јавни објекти.

„Но нема далечинско централно затоплување на домаќинствата и можеби тоа е причината зошто луѓето користат најчесто фосилни горива, но не ретко и користат практично се. Од прегорено масло, преку отпадни гуми, стар мебел и покуќнина за да може да ги затоплат своите домови. Тоа може да се надмине само на еден начин ако се реализираат овие проекти и ако се работи на свесноста на сите чинители во општеството. Во годините кои следат дел од овие проекти за дел од општините ќе се реализираат и ќе обезбедат почиста и поздрава животна средина.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека исто така во таа насока се субвенциите за инсталирање на ефикасни котли на гас во јавни објекти, топлинските и геотермалните пумпи.

„Како влада се заложивме и сме во напредна фаза на одблокирање на заем од Светска банка да бидеме пријателска влада кон околината преку реконструкција на јавните објекти. Многу работи се случуваат и ќе продолжат да се случуваат.“, изјави премиерот Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ ВО ВЕНКО: КОГА ЗБОРУВА ФИЛИПЧЕ, ЈАВНОСТА НЕ СЛУША ПЛАН, ТУКУ ЕХО ОД ДУБАИ

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СТАВОВИ НА ФИЛИПЧЕ Кога зборува Филипче, јавноста...

ВЛАДА: УСВОЕНА Е НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА КОНФИСКАЦИЈА НА НЕЗАКОНСКИ СТЕКНАТ ИМОТ

Почитувани, Денес се одржа 84-та владина седница. Со цел обезбедување услови...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ