МИЦКОСКИ : НЕ ЈА ПРИФАЌАМ ТЕЗАТА АКО НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ, НЕМА ЕУ

0
231

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата Анализа на ТВ 24 вели дека не ја прифаќа тезата дека доколку ВМРО-ДПМНЕ е за Европската унија тогаш мора да гласа за уставните измени.

Што се однесува до патот не прифаќам теза ако сте за Европска Унија, тогаш гласајте уставни измени. Тоа не, дециден е Мицкоски.

Мицкоски посочи дека претходно кога власта носела договори не и беше важно што мисли ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, но кога им требаат за уставни измени тогаш им е важно ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека доколку го слушаа ВМРО-ДПМНЕ тогаш немаше државата да се најде во оваа ситуација.

Сега важно ви е ВМРО-ДПМНЕ, но каде бевте кога ги носевте овие договори и ни мавтавте овде во државата, а притоа ВМРО-ДПМНЕ ви се нудеше и притоа волја на граѓаните неколку месеци претходно на локалните избори беше јасна дека треба да има предвремени избори и дека треба да има промена на владата во Македонија. Тогаш сето тоа вие го изигнориравте, и сега наеднаш ви е важно ВМРО-ДПМНЕ. А не најдовте ниту 5 минути да го сослушате ВМРО-ДПМНЕ, за да видевте што ВМРО-ДПМНЕ мисли, рече Мицкоски и додаде:

Затоа што ако тогаш го сослушавте ВМРО-ДПМНЕ, ние немаше да се најдеме во оваа ситуација, бидејќи ќе дојдеше нов предлог после францускиот, вели Мицкоски.