Saturday, July 12, 2025
19.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: НЕ СУМ ЗАДОВОЛЕН СО БРЗИНАТА СО КОЈА СЕ ГРАДИ КЛУЧКАТА НА ВЛЕЗОТ ВО БИТОЛА

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Битола рече дека објективно не е задоволен како се изведува реконструкцијата и прстот го впери во изведувачот. Изведувач на градежните работи е ГД „Гранит“, подизведувач „БВ инженеринг“.

Камен-темелникот за изградба на булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп беше поставен лани на крајот на јули и на настанот лично присуствуваше Мицкоски, сега од она што го видел изразува жалење. Најфреквентниот влез во Битола од север, кој со децении наназад е грда слика за градот, треба комплeтно да се модернизира по децении барањата на бизнисот од Пелагонија, возачите и воопшто граѓаните и посетителите на Битола.

Се работи на атмосферска канализација, водоводна инсталација, коловозна конструкција, улично осветлување, реконструкција на пропуст над Раштански порој, поставување на сообраќајна опрема, експропријација.

Станува збор за проект вреден над 102 милиони денари, кој се реализира во должина од 1.332 метри.

„Што се однесува до влезот, морам објективно да кажам дека и покрај сето она што го прави Општината, за жал не сум задоволен од динамиката на изведување на работите. Ова е порака пред сѐ до изведувачот, затоа што имаме уште седум-осум месеци до рокот, а не е завршено ни триесетина проценти тоа што е договорено.

Очекувам да се забрза таа динамика и да се испочитува рокот, бидејќи тоа нормално предизвикува непријатно чувство и фрустрација кај битолчани. Тоа што можев да го видам не е соодветно со тоа што треба да биде како динамика и лично ќе го следам развојот на овој проект“, рече Мицкоски во Битола.

ОВАА НЕДЕЛА

НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ПРИЛЕП

Хеликоптери на МВР го прелетуваат Прилеп. Според неофицијалните информации лице...

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ