МИЦКОСКИ : НЕ ПОТЦЕНУВАА, МИСЛЕА ИМААТ СО МАЛИ ДЕЦА РАБОТА, НО ОВА Е ПОГОЛЕМА ПОБЕДА ОТКОЛКУ ШТО ОЧЕКУВАВМЕ

0
108

Христијан Мицкоски во триумфално обраќање во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека верувал оти дека нивниот кандидат, Гордана Силјановска-Давкова, ќе победи со 100 илјади гласови, но дека разликата меѓу неа и Стево Пендаровски е 170.000.

„Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија. И дека секој оној кој што го потценува народот, ја потценува Македонија и прави голема грешка. Многу работи зборувавме дека ќе се случат, не ни веруваа, не потценуваа. Мислеа дека со деца мали си имаат работа. Најлошо е кога човек ќе го потцениш. Но, ние благодарение на народот, народот на Македонија покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време“, рече Мицкоски.

Тој рече дека овој резултат бил „револуција на народот на Македонија“, но дека работата не е завршена“ и очекува таа да биде запечатена на 8 мај, кога ќе се одржат параламентарните избори и вториот круг од претседателските. „Црвениот картон мора да следи на 8 мај. Вечерва има и простор за задоволство, но морам да го споделам и чувството на грижа поради лошите состојби во државата. Свесен сум и треба секој ден што е со мене да испорача брзи резултати. На народот му требаат брзи резултати. Нѐ чека многу работа за да се избориме за живот“, наведе тој.

Тој кажа дека се слушнал со Арбаен Таравари и дека му честитал на резултат и посредно најави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да ја состави следната влада со коалицијата „Вреди“ и ДУИ конечно да биде однесена во опозиција.