Премиерот Христијан Мицкоски нема да поднесе оставка поради трагичната несреќа во која загинаа 59 луѓе. „Прво ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, а потоа ќе излеземе на избори пред граѓаните и тие се најголемата морална потврда за кредибилитетот за еден политичар“ одговори Мицкоски на новинарско прашање дали ќе поднесе оставка по оваа несреќа, бидејќи кога бил во опозиција барал оставка од тогашната Влада поради несреќата во тетовската болница.
Премиерот кажа дека не планираат вонредна состојба или вклучување меѓународни експерти во делот на истрагата.