Thursday, February 6, 2025
9.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: НЕ МОЖЕ ВО МИНИМАЛНА КОШНИЦА ВО ЗИМА ДА ИМА ЦИГАРИ, ЛЕТНО ОВОШЈЕ И ЛИМЕНКА НЕС КАФЕ ОД 250 ГРАМА

Премиерот Мицкоски смета дека треба да има промена во пресметката на минималната кошница за да биде пореална. Според него, во подготовката треба да се вклучат сите засегнати страни и да се земат предвид поскромни цени, а не тие во поскапите супермаркети. Мицкоски рече дека некои производи во сегашната кошница му се чудни и истакна дека не е логично да има и цигари.

„Еве јас во месец јануари дел од овие производи не ги пробав, како што се диња, лубеница, грозје, цреши, кајсии, праски. Не испив 250 грама лименка нескафе, не пушам цигари, а таму се и цигари. Малку е нелогично во минимална кошничка да имате цигари кои се содржани во методологијата“ – Христијан Мицкоски, премиер

Вчера на економско социјалниот совет бил даден предлог потрошувачката кошница да ја креира независно тело составено од синдикатите, Државниот завод за статистика, Организација на потрошувачи, како и министерствата за економија и за финансии.

Лидерот на СДСМ, пак, вели не е важно како се пресметува кошницата кога граѓаните немаат пари да си ги купат основните производи.

„Нема апсолутно никаква врска на кој начин се пресметува синдикалната кошничка кога луѓето кога одат во маркет да ги купат потребните продукти едноставно немаат доволно пари во паричниците. Луѓето не можат да врзат крај со крај. Владата мора да се свесна дека е таа апсолутно виновна за тоа што стандардот на граѓаните постепено се намалува. Нема никаква стратегија на раст ниту на минималната ниту на просечната плата“ – Венко Филипче, претседател на СДСМ

Сојузот на синдикати кои веќе 15 години ја изработуваат кошницата и понатаму ќе си прават своја пресметка.

ОВАА НЕДЕЛА

ОЈО: СОПРУГАТА НА ПЕЦЕ МИРЧЕСКИ КОРИСТЕЛА ВОЗИЛА СО ШОФЕР ОД ФИРМА СО КОЈА ТОЈ СКЛУЧУВАЛ ТЕНДЕРИ

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно...

ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 47 ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на...

ТЕПАЧКА МЕЃУ ДВАЈЦА ДОКТОРИ ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП

Секторот за внатрешни работи во Штип информираше за пријава...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ