Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: НЕ МОЖЕВ ДА ЈА СПРЕЧАМ ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, НО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ТАКВА ТРАГЕДИЈА ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ

Премиерот Христијан Мицкоски по повод отчетот од една година од владеењето вечерашниот говор, се наврати и на како што го нарече неговиот „најтежок ден како претседател на Владата, а тоа е несреќата во Кочани“.

Тој кажа дека колку и да се трудат неговите политички опоненти да ја злоупотребат трагедијата во дискотеката „Пулс“, таа е последица на со години руинираниот систем кој бил уништуван и дезавуиран.

„Јас не можев тоа да го спречам. Но, ќе направам се тоа да не се повтори. И како политички фактор, од првиот ден испративме реална порака дека правда мора да има и без оглед за кого се работи, мора да има одговорност. И денес стојам на истиот став, а обвинителството е на тест да докаже вистина, судот да спроведе правда. Но, исто така сакам да соопштам дека работиме како Влада да обезбедиме историски највисок инвестициски пакет за обнова и поддршка на Кочани. Работиме на тоа да покажеме дека Кочани за нас е важно и дека граѓаните не се сами“, изјави премиерот Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

МИЛОШОСКИ: ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ НИЗ ДРЖАВАТА ПОМАГААТ ВО РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

Прес-конференција на Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ