Во контекст на тоа дека веќе има стабилна политичка Влада во Софија, прашан дали ги контактирале колегите за да се започнат дијалог и што им одговориле, а доколку не кога ќе го направат тоа, тој кажа дека во моментов нема детали што би ги соопштил.
-Кога ќе имаме какви било детали ќе ги споделиме со јавноста. Во моментот немам детали кои што би можел да ги споделам со јавноста кои што би значеле нешто важно, но мислам дека на процесот треба да му се даде шанса. По било која цена немаме намера да одиме со главата во ѕид, по која било цена нема да потпишуваме се што ќе ни биде ставено на маса.
Нашите размислувања и политики ги знаете, ние имаме легитимитет од народот и ние мора да го слушаме народот. Политичари кои не го слушаат народот завршуваат многу лошо, рече Мицкоски на новинарско прашање.