Wednesday, July 9, 2025
22.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: НЕМА ДА ИМА ДАНОК ЗА НЕМАЖЕНИ И НЕЖЕНЕТИ, САКАВ ДА ГО СВРТАМ ВНИМАНИЕТО ДЕК ИМА МАЛ БРОЈ НА НОВОРОДЕНИ ДЕЧИЊА И ДЕКА МАКЕДОНИЈА УМИРА

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека нема да има данок за немажени и неженети. Тој истакна дека е загрижен за демографската состојба во Македонија и дека за жал, тивко исчезнуваме и умираме.

,,Се разбира дека нема да има таков данок. Јас се извинувам на тие коишто можеби погрешно ја протолкуваа таа моја иницијатива. Но, факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во Македонија. И факт е дека како претседател на Владата моја одговорност да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина. Затоа  што јас сум претседател на Владата којшто исклучително длабоко се занимава со демографијата и демографските движења, не само кај нас во Македонија туку и пошироко.

Но, она кое што можам да го заклучам е дека ние тивко исчезнуваме и изумираме. И тоа поминува така незабележано, и тоа поминува така, како да е општо прифатен факт и ние треба да се помириме со тоа. Јас не можам и би било неодговорно од моја страна да се помирам со фактот да во 2016 година се родени 23 илјади бебиња во Македонија, а во 2024 – 16 илјади. Тоа е рецесија од 30 проценти’’, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека и во однос на новосклучените бракови имаме намалување и дека сериозно како држава, но и како поединци треба сериозно да се позанимаваме во однос на ова.

„Во 2021 година имаме нешто повеќе од 13,300 брака, а во 2024 година, 3 години потоа имаме 11,100 брака. Тоа е 17% рецесија. И кога јас би бил сопственик на компанија, и кога јас би се грижел за мојата компанија, и кога би имал вакви параметри, јас озбилно би се позанимавал што правиме и каква ќе биде иднината. А, не да премолчувам и да гледам како ми поминува пред очи и ми завршува сето она кое што сум вложувал. Јас ја сакам мојата држава , го сакам мојот народ, ги сакам граѓаните на оваа држава. И немаше да биде, и нема да биде неодговорно ако јас тоа го премолчам’’, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, појасни дека и финансиската поддршка не секогаш е решението за овој проблем. Мицкоски објасни дека дури и една од најбогатите светски економии како Јужна Кореја има потрошено 270 милијарди долари во последниве 15 години, за да стигне до ставка од 0.75% фертилитет.

„Земји како Јужна Кореја имаат за 15 години потрошено над 200 милијарди долари за 15 години и стигнале до ставка од 0.75% фертилитет. Значи не е до финансиите, туку до срцето и главата е. До желбата и до умот. Затоа треба од најмали да работиме со децата. И затоа инсистирам во читанката поим не да се јас, мама и тато, туку да биде јас, мама, тато, бато и дада.

Ако сакаме да опстоиме како народ и како нација и како држава, тоа е иднината и мора да се бориме против ова и јас јавно повикувам на ваква дебата, сите заедно да видиме што можеме да направиме’’, заклучи Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

КУЗЕСКА: ГОРИ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, ВЛАДАТА НЕМА КОНТРОЛА ВРЗ ПОЖАРИТЕ

Изјава за медиуми, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Состојбата со...

ДОМ: ТОМАС ВАЈЦ ЈА ПРЕНЕСЕ ВИСТИНСКАТА СЛИКА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) упатува јавна благодарност до...

СПАСОВСКИ: СДСМ БАРА ВОНРЕДНА КООРДИНАТИВНА СЕДНИЦА ВО СОБРАНИЕТО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИТЕ

Координатрот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски,...

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА

Стартуваше изградбата гасниот интерконектор со Грција во должина од...

МИЦКОСКИ: ОВА Е НАШИОТ КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ, СВЕТОТ ГО ВИДЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА БУГАРИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ