МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО СКОТ ХАЈЗЛЕТ : ВЛАСТА Е КОРУМПИРАНА И НЕ СЕ СПРОВЕДУВА РЕФОРМИ, ПОТРЕБНИ СЕ ИЗБОРИ

0
502
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Роберт Скот Хeјзлет, виш директор на НДИ во Македонија.На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и стратешките цели на државата.
Мицкоски го информираше Скот Хејзет за високиот степен на корупција и криминал и злоупотреба на институциите од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, истакнувајќи дека состојбата во државата се влошува бидејќи власта не спроведува никакви реформи, а сето тоа дополнително придонесува за уназадување и осиромашување на граѓаните. Воедно, и поради тоа истакна дека се потребни предвремени парламентарни избори кои ќе донесат промени и иднина за граѓаните.

Мицкоски уште еднаш го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека преговорите на Македонија за влез во Европската унија треба да се водат врз база на европски принципи и вредности, а не врз уцена и диктат од страна на бугарските власти.Мицкоски се заблагодари на досегашната соработка и поддршка од страна НДИ, а соговорниците заклучија дека постои можност за нејзино понатамошно унапредување.