МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ДРЕКСЛЕР : ЗАЛОЖБИТЕ НА ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ, ЗАБРЗАН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И БОРБАТА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА

0
183
Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.
 
На средбата претседателот Мицкоски ги презентираше заложбите кои ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.
 Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните.
 
Борбата против криминалот и корупцијата се клучни, бидејќи владата на СДС и ДУИ ја деградираше државата по сите основи, а најмногу на тоа поле.
ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како до сега СДС и ДУИ.