Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: НА МЕЃУНАРОДЕН ПЛАН ПОСТИГНУВАМЕ СОЈУЗНИШТВА НЕЗАПАМЕТЕНИ ВО НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва во гостување во вестите на „Алсат“, запрашан за тоа кога Артан Груби ќе се врати во Македонија, рече дека слушнал оти Али Ахмети има редовна комуникација со Груби и го советуваше да се врати во земјава и да се соочи со правдата.„Кога ќе се врати Груби не знам, колку што успеав да го слушнам Меџити, тој кажа дека Ахмети има редовна комуникација со Груби и можеби тој треба да даде одговор кога ќе се врати.

Јас би сакал да се врати уште денеска, затоа што единствениот начин да одговори на сите прашања е да биде тука присутен и да даде одговор“, рече Мицкоски. Во однос на најавите од пред неколку месеци за обид за дестабилизација во земјава од страна на ДУИ и зошто сега нема такви изјави, Мицкоски рече дека обид за дестабилизација не значи и дека тој ќе биде успешен, како и дека, земјава е „стабилна како никогаш досега“. „Обид за дестабилизација не значи и дека ќе успеат во тоа и дека ќе бидеме нестабилна држава. Како што гледате девет месеци не само што сме стабилна држава, туку и на меѓународен план постигнуваме такви пријателства и такви сојузништва што се незапаметени во независна Македонија.“, рече премиерот.

Мицкоски рече дека „апсолутно не размислува“ за промена на македонската химна, ниту пак, како што кажа, „му доаѓа на памет да влегува во таква дискусија“. „Химната е дефинирана во Законот, постои закон за знаме, грб, химна. Таа е дефинирана со закон, којшто е системски и е потребно двотретинско мнозинство. Исто така, таа си е дефинирана со текст.

Дали некој ќе одлучи како што вие велите, химната да ја емитува со текстот или без текстот, практично е одлука на организаторот. И честопати сум бил на настани во коишто се слуша само мелодијата, но да се менува текстот… мене не ми паѓа на памет да влегувам во било каква расправа за менување на текстот на химната“, рече Мицкоски. Мицкоски посочи дека таа тема не била дискутирана меѓу коалициските партнери.

Во изминатите недели, вицепремиерот Изет Меџити изјави дека химната може да има поинаков текст или воопшто да нема текст, а претседателот на владиниот партнер Алтернатива, Зеќирија Ибрахими предложи државната химна да има два текста – еден за Македонците, а друг за Албанците.

Извор: Слободен Печат

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ