Вие ја погодивте со прашањето вистинската суштина и поента, а тоа е како можат овие настани да влијаат во развој на руралниот туризам, јас мислам дека можат и те како да влијаат. Овде имаме гости би рекол од сите краеви на Македонија и тоа е добро, и тоа е добро кога ќе има вакви настани кога ќе можат луѓето да се дружат да поминуваат некое време заедно и добро ете јас со своето присуство само покажувам колкава е поддршката од страна на Владата, посебно на овие настани и ги охрабрувам вака да продолжат, но и воедно за мене претставува можност заедно со градоначалникот на Општина Ново Село, заедно со градоначалникот на Општина Босилово и останатите што се тука присутни градоначалници од општините да разговарам и за оној проект којшто го туркаме како Влада, којшто заврши.
Од страна на Владата јас можам да кажам дека парите од унгарскиот заем се веќе на сметка на Народната банка, имаме половина милијарда стигната и почнуваме да работиме и испорачуваме она што го очекуваат граѓаните од нас.