Saturday, July 12, 2025
29.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: НАД 8 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со податокот за следење на состојбите во земјоделството во Македонија, соопштен од Државниот завод за статистика, изјави:

„Апсолутно е тоа точно, и тоа го покажува новиот извештај на Државниот завод за статистика. Имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз, и би рекол незначителен 1,2 2 % зголемен импут во трошоците, во расходната страна на земјоделците. И тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично. Тоа е одличен параметар, тоа значи повеќе пари за инвестиции и повеќе пари за земјоделците.“, информираше премиерот.

Што се однесува до поддршката која ја дава оваа Влада за земјоделците, премиерот напомена дека изминатата година се дадени повеќе од 8 милијарди денари, пари за исплата на заостанати субвенции од 2021 година. „Од 2021 плаќавме од 2021, 2022, 2023-та и 2024-та година, мислам дека е заокружена. Сега треба да се размислува за тековната година. Така што од 2021 година се плаќаат заостанати субвенции од 8,6 милијарди денари, од прилика.“, објасни Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ЈЕВТИМОВ: ВО ДОЈРАН НЕ СЕ РАБОТИ ВО ИНТЕРЕС НА ОПШТИНАТА, ТУКУ ВО ИНТЕРЕС НА СДС

Прес-конференција на Дарко Јевтимов Почитувани граѓани на Општина Дојран, Наназад 8...

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ НА АРСОВСКА, А МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ЗАКАНУВАЧОТ

Откако денеска скопското обвинителство информираше дека двајца граѓани се...

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ