Во однос на очекувањата за мерката за есенската кошничка тој додаде дека: „Тоа коешто беше мерка треба да стартува денеска, очекувам намалување на најмалку десетина проценти. Оваа мерка ќе трае некаде таму до крајот на октомври месец. Седумдесетина производи се практично производи коишто се како резултат на овој закон се со намалени цени. Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа, во зависност на потребите на граѓаните. Ќе потсетам производите не се резултат на шпекулативна мерка, туку се резултат на една анализа и теренски анкети водени со граѓаните кои производи се најкористени во овој период од годината. Така ќе биде можеби и пред новогодишните празници, така ќе биде на пролет и цело време така ќе функционираме. Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да ја намалиме цената на производите.“
Во врска со информациите дека дел од маркетите ги покачиле цените неколку денови пред усвојување на оваа есенска кошничка изјави дека секој кој се однесувал неморално и неетички ќе биде санкциониран.
„Апсолутно, секој оној којшто се однесува шпекулативно и неморално и неетички ќе биде санкциониран“, дециден е Мицкоски.