Sunday, March 23, 2025
9.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: МАКЕДОНИЈА ГО ДОСТИГНА НАЈВИСОКОТО НИВО НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ, ВО 2024 ГОДИНА РЕГИСТРИРАНИ 1 МИЛИЈРДА И 255 МИЛИОНИ ЕВРА

На пат кон Турција и средбата со претседателот Ердоган денес, ја добив одличната вест која ја најавив и претходно, односно потврдата дека Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции.

Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4ти квартал на минатата година од цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат.

На овој успех се радувам особено затоа што сите знаеме каков економски пустош и запоставеност во секоја област затекнавме. Ќе продолжиме макотрпно да работиме за секој еден граѓанин, и да ја развиваме економијата обезбедувајќи заедничка иднина.

Само со работа, успеси и визија Македонија станува повторно ваша!

Фејсбук статус на премиерот Христијан Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ