МИЦКОСКИ КОН МИЦОТАКИС : НЕМА КАКО ПАПАГАЛ ДА ПОВТОРУВАМ ,,СЕВЕРНА”, КАКО ПРЕДВОДНИК НА ВЛАДАТА ОБВРЗАН СУМ ДА ГО ПОЧИТУВАМ УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ

0
95

„Немам намера талибански да се однесувам, ниту пак очекувам некој талибански да се однесува“, рече Мицкоски.

Запрашан за пораката на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека ако не го спроведува  Преспанскиот договор може да биде непријатно изненаден на самитот на НАТО во Вашингтон, Мицкоски возврати дека не се изненадува толку лесно – ни пријатно, ни непријатно. Моето човеково право е над сите права, рече Мицкоски, повторувајќи дека тоа што е закон и Устав ќе почитува, но нема како папагал да ја повторува придавката „северна“.

„Како човек што ќе ја предводи Владата обврзан сум да ги почитувам законот и Уставот и тука сум немал дилема, ниту ќе имам, сѐ додека овие закони и ваквиот Устав се на сила. Преспанскиот договор е дел од Уставот и законите. Не можете да барате да се почитува, а од друга страна да се крши. Очекувам да градиме добрососедски односи на принципиелна, конструктивна основа, добрососедски односи кои доликуваат на 21. век. Немам намера талибански да се однесувам, ниту пак очекувам некој талибански да се однесува“, рече Мицкоски.

Според него, можеби е добро да се аргументираат позициите пред НАТО самитот во јули, по што побара од јавноста да не очекува дека „како папагал да ја употребувам придавката северна, а позади завесата да ве ограбувам“.