Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ : КОВАЧЕВСКИ ВЕЌЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ НЕ Е ВО ДРЖАВАТА

Поранешниот генерален директор на ЕСМ Васко Ковачевски не е во државата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Ковачевски е еден од осомничените по кои трага полицијата во денешната акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ( ОЈО-ГОКК). Станува збор за истрага поврзана со јавни набавки и снабдување со адитиви за РЕК Битила и ТЕЦ Осломеј.

„Не е во државата подолго време но очекувам и да го обезбедиме и да го вратиме во државата“, одговори кусо Мицкоски на новинарско прашање на прес конференција.

Најмалку десетина луѓе се уапсени поврзани со РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и на ТЕЦ Неготино при денешната акција на Министерството за внатрешни работи. Во соопштението од МВР е наведено дека во тек е полициска акција и дека по завршувањето на истатата ќе бидат соопштени детали. Истрагата ја водат двајца обвинители од Обвинителството за борба против организиран криминал

Истрагата опфаќа 25 субјекти од кои 23 се физички лица, а две се правни лица, јавуваат дел од медиумите. Акцијата се спроведува во неколку градови, вклучувајќи Битола, Велес, Кичево и Скопје.

Осомничени се дел од поранешни директори на ЕСМ и РЕК Битола. Меѓу осомничените се Васко Ковачевски, како поранешен генерален директор на ЕСМ, потоа Васко Стефанов, неговиот наследник и Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК Битола, јавува Телма.

На оваа истрага и претходеше јавна критика од актуелната власт за лошото менаџирање со ЕСМ и сомнежи за криминал во јавните набавки.

 

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ