Wednesday, July 9, 2025
20.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: ИНТЕРВЕНТНАТА ПОЖАРНА ДЕЛУВАШЕ ИМПРЕСИВНО, ДРЖАВАТА НЕ ПЛАТИ НИШТО ЗА ПРЕНАМЕНАТА НА АРМИСКИТЕ ВОЗИЛА

Премиерот Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија ја пофали работата на новоформираната интервентна пожарна единица, која според него денеска дејствувала „многу импресивно и мотивирачки“.

„Македонската интервентна пожарна, еве така да ја наречеме оваа единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки“, изјави премиерот.

Тој информираше дека е направена комплетна пренамена на армиски и полициски возила од типот „БТР 80“, „Хермелини“ и „Пинцгауери“, со што истите сега служат за гаснење пожари.

„Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиските возила ‘БТР 80’, ‘Хермелини’ и ‘Пинцгауери’“, рече Мицкоски.

Промените на возилата вклучуваат вградување на специјални резервоари за вода, прилагодени на нивната конструкција, со цел да се избегне дестабилизација или превртување при движење. Проектот бил реализиран со помош на инженери, а според Мицкоски, без никаков трошок за државниот буџет.

„Кога зборувавме со луѓето од Армијата, ми беше кажано дека до 20 километри само овие возила би можеле да изгаснат пожар“, нагласи тој, додавајќи дека пренамената е дело на општествено одговорни компании.

„Оваа пренамена на старите армиски и полициски возила не ја чинеше државата ништо“, истакна Мицкоски. „Со тоа се заштедени неколку десетици милиони евра од буџетот.“

Премиерот најави и отворање на оглас за вработување 400 нови пожарникари, со повик до сите граѓани што се чувствуваат подготвени да се пријават преку своите општини.

„Ги охрабрувам луѓето преку општините, тие кои се чувствуваат подготвени, да влезат во овој процес“, рече тој.

Во однос на авионите за гаснење пожари, Мицкоски објави дека еден авион од типот Ер-трактор веќе се вратил од сервис, другиот пристигнува неделава, а третиот ќе биде спремен до крајот на јули.

„Ценам дека сме подготвени доколку оваа година се случат пожари, да ги совладаме“, заклучи премиерот.

 

ОВАА НЕДЕЛА

ТРГОВСКАТА ТИШИНА ПРЕД БУРА: ЕУ И САД НА РАБ НА ЦАРИНСКА ЕСКАЛАЦИЈА

Зоран Русмир, дописник на „Слободен печат“ од Виена, Австрија Европската...

ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ИСФРЛИ ПОВЕЌЕ ОД 30 ТОНИ ВОДА ВО РЕОНОТ НА ДОЈРАН

Денеска во попладневните часови хеликоптерот бел 412 беше повикан...

СПОРЕД ЦУК АКТИВНИ СЕ 11 ПОЖАРИ ОД КОИ ЕДЕН ПОД КОНТРОЛА

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека до...

НИКОЛОСКИ: ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ОНА ШТО ГО ВЕТИВМЕ, ОЧЕКУВАМЕ УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ПРВИОТ КРУГ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Прес-конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Благодарам на присуството, Денеска...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ