Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има разбирање за политичарите во опозиција оти се нетрпеливи и што мислат дека со предвремени избори ќе ги решат проблемите. Но, додаде дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби што се правени во минатото.
„Сум го кажал ставот по ова прашање. Ги разбирам политичарите во опозиција дека се нестрпливи и дека мислат дека со предвремени избори ќе ги решат проблемите. Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби што се правени во минатото“, рече тој. Изјавата Мицкоски ја даде како одговор на новинарско прашање околу барањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за предвремени парламентарни избори заедно со локалните идната година.