Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција истакна дека имаат индиции за елементи кои што располагаат со огромни милионски суми во кои се вклучени високи функционери од претходните влади.
Како што вели, тие мобилизираат луѓе на терен во најголем дел да манипулираат.
„Се обидуваат да испровоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не можат да мобилизираат луѓе и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт“, вели Мицкоски.
Тој упати апел до граѓаните да се воздржат од реакции.
Извор : ТВ21