- Жалам, што на човекот на којшто јас лично му помогнав да биде денес градоначалник на Шуто Оризари ви го сврте вас грбот на ромите.
И денеска со овие од таканаречениот европски фронт тргува со поддршката на ромите овде од Шуто Оризари. Таа грешка јас ќе ја исправам после 8ми мај.
Зошто ја прифатија неговата поддршка и зошто тој ја прифати таа поддршка, затоа што само тој може да им конкурира на овие од таканаречениот европски фронт по основано сомнение за сторен криминал. И тие мислат така сложни браќа ќе си се здружат и понатаму, се лажат.
Го имате мојот збор , ве гледеам во очи овдека дека таа грешка којашто ја направивме во 2021 година ќе ја исправиме после 9ти мај и сето она што им го прави на ромите на албанците и македонците овде во Шуто Оризари ќе има одговорност, јас ви го гарантирам тоа, зборувам за градоначалникот на Шуто Оризари и треба да го знае ова што го зборувам.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Шуто Оризари.