МИЦКОСКИ ЗА ФОКУС : АКО ИМА ИЗБОРИ , НИЕ БИ ОТИШЛЕ НА 450.000 ГЛАСА, А СДСМ БИ ПАДНАЛ ПОД 125.000 ГЛАСА!

0
276

Ако има избори, тие би стигнале до 450.000, а СДСМ би паднал под 125.000 гласови, истакна премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за неделникот „Фокус“. Левица и ЗНАМ би биле од 3 до 5 илјади гласа. А, во албанскиот блок би била изедначена трката, по стотина – 110 илјади гласови би добиле ДУИ и „Влен“. Според него, и покрај историски најслабиот пик на СДСМ, сепак, тие би биле најголема опозициска партија.

Според него, ваквиот резултат е очекуван.

„Ако гледаме низ призмата на партискиот интерес, нормално дека сум задоволен. Но, тоа не ме прави среќен, зашто овој резултат е одраз на многу лошата состојба во државата и разочараните граѓани“.

Очекува Венко Филипче да води автономна политика. Сепак, мисли дека шансата за прв впечаток ја испуштил. Откако бил избран, според премиерот Мицкоски, логично било да се претстави пред авторитетите на државата, како што тоа го направил тој во јануари 2018 година. Да побара средба кај претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, и кај него како премиер.