Monday, November 4, 2024
9.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ : ЗА СТУДЕНТИТЕ ВАУЧЕРИ ОД 250 ЕВРА, ДО 30 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА БИЗНИС ЗА МЛАДИ И 600 ВРАБОТУВАЊА ЗА МЛАДИ ЛЕКАРИ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за младите истакна дека владата за студентите понуди проект од 250 евра за електронски уред, но и до 30.000 евра за бизнис за млади, покрај тоа во тек е огласот за вработување на 600 млади лекари специјализанти.
Премиерот Мицкоски посочи дека иселувањето на младите е акутен проблем и потребно е владата да направи многу и да понуди повеќе од тоа до сега за да ги задржиме младите.
„Сепак младите треба да разберат дека дома при еднакво понудени услови од страна на Владата има можност да се успее. Во моментот потреба  од нови млади кадри има буквално во секоја институција. Не е решение да се отиде некаде надвор и да се работи различно од тоа за кое сте се школувале тука.  Во таа насока понудивме два проекти кои цениме дека можат да значат додадена вредност, покрај оној проект кој беше целосно даночно ослободување за вработување на млад човек до 29 години кој е содржан веќе во програмата која ја имаше ВМРО-ДПМНЕ изборите.“, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека првиот проект е ваучер од 250 евра за набавка на електронски уреди, средства кои ќе бидат понудени во буџетот за следната година за сите студенти, за сите универзитети, тоа се над 50.000 студенти.
„Фонд од 10 милиони евра со кој ќе се стимулираат стартап бизниси на млади луѓе кои имаат идеја во зависност од бизнис планот во вредност од 1.000 до 30.000 евра. Цениме дека на овој начин можеме да допринесеме многу повеќе отколку да финансираме проекти за тренирање магариња, иновативни рецепти за правење на пица, и така натаму. Дали е доволно, не е, но ќе продолжиме да работиме понатаму.“, додаде Мицкоски.
Премиерот Мицкоски нагласи дека ќе треба уште, но е чекор напред, како и дека мора заедно со младите заедно да се согласиме дека и дома доколку имаме среден систем и дисциплинирани институции може многу да се направи и многу да се успее.
„Што се однесува до лекари специјализанти први кажавме дека на 600 ќе им биде понудена работа во здравствените институции и тој оглас тече и тоа функционира врз база на таа владина одлука за 300 оваа година и 300 следната година. Ќе им биде понудено да  бидат вработени во здравствените институции онаму каде ќе биде потребно.“, рече Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

КАМАЛА ХАРИС ВЕЌЕ ГЛАСАЛА, НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ПОРАЧА : ВАШИОТ ГЛАС Е ВАША МОЌ!

Потпретседателката на САД и  кандидатка на демократите за иден...

УТВРДЕНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО ТЕТОВО, ОХРИД И СТРУГА, ЗАТВОРЕН Е СТРУШКИОТ МЕДИЦИНСКИ СМЕР

Инспекцискиот надзор утврдил нерегуларности на универзитетите во Тетово, Охрид...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ