МИЦКОСКИ ЗА СЛОБОДАТА НА БЕКИМ ПО ШАМАРИТЕ ВО М-НАВ : ТОА Е УШТЕ ЕДНА РЕФОРМА НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ТРЕБА ДА ЗНААТ ЌЕ РАСЧИСТИМЕ СО МАФИЈАТА КОЈА ЈА ЗАРОБИ МАКЕДОНИЈА

0
333

Тоа се тие реформи кои ги нуди Европскиот фронт. Со тупаници упаѓаат во стратешки објекти, го загрозуваат авиосообраќајот, ја загрозуваат безбедноста на македонското небо и на сојузничките летала. И тие истите ќе ги видите како слободно се шетаат по улиците, бидејќи имаат свои обвинители и свои судии, рече претседателот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред денешната конференција на Паневропска унија на Македонија.

Мицкоски укажа дека претстои многу работа.

„Не чека многу работа. Поддршката од медиумите ќе ни биде потребна, не само сега во предизборието, туку и потоа за да расчистиме со мафијата. Мора да расчистиме за да можеме да ја трансформираме онака како што сакаме“, рече Мицкоски.

Мицкоски заклучи „ова е уште една реформа на Европскиот фронт, треба да знаат ќе расчистиме со мафијата која ја зароби Македонија“.