Friday, April 25, 2025
11.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ИМАВМЕ РАСТ ОД 3% И СМЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ЗЕМЈИ СО НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај за движењето на платите објавен од Заводот за статистика, изјави дека очекува да продолжи економската консолидација.

„Имавме два супер успешни квартали, тоа беше четвриот и третиот квартал од минатата година. За прв пат забележавме раст, после долго време, од 3% и сме во првите пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам тој тренд да продолжи и во овој прв квартал од оваа година. Самите вие кажавте дека продолжува да расте просечната плата и покрај тоа што многумина политички глодари од позиција на опозиција ја напаѓаа Владата дека била против растот на платите. Еве гледате дека растат.“, истакна премиерот Мицкоски.

Тој информираше дека сега од 1 април ќе пораснат и пензиите, нови две и пол илјади денари линеарно зголемување за пензионерите и додаде:

„Тоа што го ветивме првата година ќе го реализираме за девет месеци. И во суштина за овие девет месеци, направивме многу убави работи што дел ги ветивме, дел ги реализиравме, а не ги ветивме. Така што, во делот на економското консолидирање на државата, мојата порака до граѓаните е да бидат спокојни, убави времиња доаѓаат за Македонија и за македонската економија.“

ОВАА НЕДЕЛА

ЗАХАРОВА: УКРАИНСКИТЕ СЛУЖБИ СЕ ВМЕШАНИ СО УБИСТВОТО НА РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ МОСКАЛИК

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија...

ТЕТОВЕЦ ЗА НОВА ГОДИНА ЈА ТЕПАЛ СОПСТВЕНАТА СЕСТРА, И СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ПИШТОЛ

31-годишен жител на Тетово ќе одговара за две кривични...

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕГИРА ДЕКА ИМА ЗЛАТНА ВИЗА ЗА ДУБАИ

Изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија во јавноста прашува на...

НОВ НАПАД ВРЗ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК, ОВОЈ ПАТ ВО СКОПЈЕ – НАПАЃАЧОТ ФРЛАЛ ПРЕДМЕТИ И КРШЕЛ ИНВЕНТАР

Жител на Тетово вчера физички нападнал вработен во Меѓуопштинскиот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ