Денес имам чест и одговорност да зборувам за еден од најважните столбови на нашата демократија – локалната самоуправа. Таа претставува основа врз која се гради развојот на секоја заедница и мостот кој ги поврзува граѓаните со државните институции.
Локалната самоуправа е срцето на локалниот развој. Таа е тука да ги препознае и задоволи потребите на секој граѓанин, да го унапреди животот во нашите општини и да обезбеди услуги кои се брзи, ефикасни и достапни за сите.
Нашата визија е да изградиме локална самоуправа која ќе биде вистински партнер на секој граѓанин. Да создадеме услови каде општините нема да бидат само администратори, туку активни двигатели на економскиот раст, на иновациите и на социјалната кохезија.Почитувани,
Работите што ги наследивме во поглед на локалната самоуправа и тоа што минатите влади преземале на тој план можам да кажам дека не се добри. Предолго општините биле предмет на политички пазар и поддршката на централната власт исклучиво зависела од тоа дали раководствата на единиците на локалната самоуправа кохабитираат со тие на централната власт.
Но, останува уште многу работа. Пред нас е предизвикот да обезбедиме целосна транспарентност, отчетност и еднаков пристап до сите ресурси. Само со заеднички напори и партнерство помеѓу централната и локалната власт можеме да изградиме општини кои ќе бидат пример за добар управувачки модел.
Министерството за локална самоуправа отпочна со постапка за консултации на нов закон за локална самоуправа со кој ќе се надминат сите недостатоци и ќе се инкорпорираат искуствата од праксата. Не смееме да дозволиме градоначалниците да станат ниту монораси и локални владетели, ниту пак статисти во процесите. Туку фактори за развој и решавање на проблемите.
На крај, дозволете ми да се заблагодарам на овој настан и посветеноста на министерот и сите чинители да обезбедат кохезија но и да истакнам:
Локалната самоуправа не е само ниво на власт. Таа е симбол на нашиот заеднички стремеж за подобар живот. Таа е инструмент преку кој граѓаните ја реализираат својата моќ и визија за подобро утре.
Ајде сите заедно, без разлика на политичките, етничките или географските разлики, да вложиме напори за силни и успешни општини кои ќе бидат гордост на нашата држава.
Ви благодарам.“