МИЦКОСКИ ЗА ДЕНЕШНОТО РАСПИШУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ : ОЧЕКУВАМ ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ОД НАД 61 ПРАТЕНИК

0
291

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод празникот, заштитник на лозарите, Свети Трифун денеска беше во посета на Општина Кавадарци и Неготино каде што учествуваше на симболичното закројување на лозовите насади.

После настанот претседателот Мицкоски даде изјава за медиумите каде што, меѓу другото, од новинарите беше запрашан за неговите очекувања по денешното распишување на изборите кое се очекува да се случи некаде околу 17 часот.

Мицкоски изјави дека на парламентарните избори очекува историска победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освојување на повеќе од 61 пратеник, додека на претседателските, исто така, да победи кандидатот кој што биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

„Очекувам историска победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од повеќе од 61 пратеник и очекувам идниот претседател да биде кандидатот кој што ќе поддржи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, рече Мицкоски.