Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

МИЦКОСКИ : ЗА ДА СЕ НАМАЛИ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ПОТРЕБНА Е ПРОМЕНА НА СИСТЕМОТ НА ЗАТОПЛУВАЊЕ И ИЗГРАДБА НА ГАСНИ ЦЕНТРАЛИ

Единствен начин како може да се намали емисијата на штетни честички е од ноември до март да се смени системот на затоплување на домовите, вели премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање која мерка може да ја преземе Владата за намалување на загадувањето на воздухот. Како можност го спомена централното затоплување за кое, како што рече, потребна е изградба на гасни централи.

„Ние работиме за да се изградат гасни централи. Еден од петнаесетте инвеститори е таков, заинтересиран да изгради такви гасни централи. Но, за тоа ќе треба време, најмалку две до три години за сето тоа да профункционира. За да се изградат топловоди можеби повеќе, можеби пет и шест години“,рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање. Премиерот изрази жалење што досега не се преземало ништо за намалување на аерозагадувањето.

„Жалам што никој не водеше сметка за тоа. Сега гледам политички глодари кои се обидуваат на само нивен начин, глодарски, да собираат поени. Но, нема да успеат. Ние ќе работиме во оваа насока, мора да го промениме начинот на затоплување на нашите домови и да го направиме истовремено, достапен до сите граѓани. Да имаат начин да изберат како ќе ги затоплуваат домовите“додаде Мицкоски.

Според платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“, Скопје вечерва е на осмото место на листата на градови со најзагаден воздух во светот. Според мерењето, концентрацијата на ПМ 2,5 честички во моментов е 19,4 пати поголема од годишната вредност на Светската здравствена организација. Изминатите денови главниот град е меѓу најзагадените градови во Европа и светот.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ