МИЦКОСКИ ЗА АПАСИЕВ : ЕДЕН ОД НЕГОВИТЕ ПОРАНЕШНИ СОПАРТИЈЦИ РЕЧЕ ДЕКА „тТИЕ БИЛЕ ЕДНА ГРУПА ЏАНАЦИ“, ТАКА И ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ОДНЕСУВА

0
149

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека Левица се однесува како група џанаци, коментирајќи ја изјавата на Димитар Апасиев дека ќе дадат поддршка на невидено само ако Африм Гаши не биде претседател на Собранието.

– ТРЕБА ЛИ ДА ГО КОМЕНТИРАМЕ ДИМИТАР АПАСИЕВ? ТОЈ ПРЕД ИЗБОРИТЕ ИМАШЕ БЛАНКО ПОНУДА ОД ВМРО-ДПМНЕ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ И ДА ЗАСТАНЕ НА СТРАНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО.
ОДЛУЧИ ПОВЕЌЕ ДА СЕ ПОСВЕТИ НА ПРАВЕЊЕТО ПЛАНОВИ КАДЕ ОВА ЛЕТО ЌЕ УЖИВА- ДАЛИ НА ХУРГАДА ИЛИ НЕКОЈА ГРЧКА ПЛАЖА
КАКО ШТО ИЗЈАВИ ЕДЕН ОД НЕГОВИТЕ ПОРАНЕШНИ СОПАРТИЈЦИ ДЕКА „ТИЕ БИЛЕ ЕДНА ГРУПА НА ЏАНАЦИ“, ТАКА Ѝ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ОДНЕСУВА, ИЗЈАВИ МИЦКОСКИ

Димитар Апасиев пред почетокот на конституивната седница, изјави дека противуставно е да се претседава на друг јазик во Собранието.

– НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ИМ ДАДЕМЕ ПОДДРШКА НА НЕВИДЕНО САМО АЛБАНЕЦ ДА НЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО. ПРОТИВУСТАВНО Е ДА СЕ ПРЕТСЕДАВА НА ДРУГ ЈАЗИК ВО СОБРАНИЕТО, А ТОА ЗНАЧИ ДЕКА И НАТАМУ ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВА ИЛЕГАЛНИОТ ЗАКОН ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ – РЕЧЕ АПАСИЕВ.

На прашањето што доколку Гаши претседава на македонски јазик, Апасиев одговори „ако претседава на македонски јазик може да правиме муабет“.

Во Собранието денеска почна конститутивната седница на новиот собраниски состав. Со седницата претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику.

На дневен ред се избор на Верификациска комисија, верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на спикер  на Собранието.