„За жал прерано згасна еден млад живот, поради еден ваков дивјак, којшто се однесувал дивјачки на улиците во главниот град. Но, за мене по неодговорно е однесувањето на поедини политичари со некрофилска политика, коишто се обидуваат на ваков начин, преку пораки коишто згрозуваат да привлечат политичко внимание и да добијат политички поен.“, посочи премиерот Мицкоски.
„Ова е граѓански протест и оправдан протест и го поддржувам и во таа насока размислувам како премиер и како претседател на Владата. Но, час поскоро треба „Безбеден град“, системот да биде инсталиран, да функционира и сите законски измени коишто се неопходни да бидат донесени. Јас мислам оваа година сето тоа ќе биде ставено во функција. Жалам што годините наназад сето ова не било направено.
Од она коешто сум информиран, е дека лицето, коешто го сторило инцидентот е приведено, е одредена мерка од 30 дневен притвор. И се надевам дека, овој како што вие го квалификувавте ваков судско- обвинителски систем, со доверба помала од 2 проценти кај граѓаните, конечно ќе се ослободи од партиските и други влијанија, и ќе суди и обвинува според закон, и навистина нема да прави, и нема да толерира, ваков тип на личности, коишто ако навреме не ги санкционирате гледате, што сѐ може да направат.“, рече премиерот Мицкоски.
„Така што згрозен сум од политичарите некрофили, коишто на ваков начин сака да добијат политички поен, апсолутно револтот на граѓаните го поддржувам, и жалам како прв човек на Владата, што прерано згасна еден ваков, млад човечки живот.