МИЦКОСКИ ДО СДСМ : ГИ ИЗГУБИВТЕ ИЗБОРИТЕ ЗАТОА ШТО ДОДЕКА ВИЕ РАБОТЕВТЕ ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ И КЛЕВЕТЕВТЕ ОД ДУИ ВИ ИГРАА ФУДБАЛЧИЊА НИЗ КАНЦЕЛАРИИ ПО ИНСТИТУЦИИ

0
189
  • Ние во ВМРО-ДПМНЕ бевме свесни дека треба да му дадеме време на времето. И тогаш кога дел од вас правевте непринципиелни коалиции, да работите против раководството на ВМРО-ДПМНЕ ви велевме дајте му време на времето и бидејќи тоа време помина јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во политичка пензија испратив еден ваш поранешен претседател, вториот е тука сеуште политички активен претпоставувам после локалните избори ќе треба да бираат и четврти.Затоа мојот совет до вас е гледајте ги работите онакви какви што се, не ги изгубивте изборите заради овие работи кои лажно клеветевте, изборите ги изгубивте затоа што ви играа фудбалчиња понижувајќи пред се вас како личности вашите коалициони партнери а потоа и Македонија како држава.

Извадок на дел од првиот говор на новиот премиер на Република Северна Македонија. Христијан Мицкоски.