
„Тоа е арбитража која што ја има започнато подизведувач кон Синохидро, а Синохидро кон државата. Со аргументиран пристап, можам да кажам дека, во изминатите 30 дена се обезбеди таа арбитража да биде повлечена. Инаку постоеше опасност да бидат потрошени минимум 50 милиони евра народни пари и тоа се средства кои сега ќе ги имаме повеќе за бизнисот, повеќе за граѓаните, повеќе за капитални инвестиции. Добро е што излеговме од тој сложен процес без да бидеме подложни на пенали“, истакна Мицкоски и дополни дека се работи за спор кој настанал од подизведувач поврзан со имотно правни односи кои му оневозможиле непречено да работи.