ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Неготино упати само пофални зборови за работата на Гаши, истакнувајќи дека тој е подобар од неговиот претходник, Талат Џафери.
„Начинот на кој тој се однесува како спикер во парламентот, како ги води седниците и се тоа што таму се случува претставува сериозно различно однесување од тоа што го правеше неговиот претходник“, рече Мицкоски.