Премиерот Мицкоски истакна дека доколку институциите констатираат пречекорување или сторување на кривично дело тогаш за истото лице ќе биде изведено пред лицето на правдата, потенцирајќи дека нема да дозволи никој да е над законите.
Доколку институциите констатираат пречекорување или сторување кривично дело тогаш бидете сигурни дека истото лице ќе биде изведено пред лицето на правдата. Нема никој да биде над законот во оваа земја, не постојат такви луѓе кои ќе бидат над законот додека сум јас премиер. Кога јас нема да сум премиер тогаш може да има такви. Но, додека сум јас не постојат луѓе што ќе бидат над законот. И доколку ова што вие го тврдите се потврди, тогаш бидете сигурни дека за тоа лице ќе има одговорност.“, дециден е премиерот Мицкоски.