МИЦКОСКИ : ДЕНОВИВЕ ЌЕ БИДЕ ПОТПИШАН ДОКУМЕНТ КОЈ НИКОЈ НЕ ГО ВИДЕЛ

0
299

Една од нив е прашањето за историјата, за која кажа Урсула Фон Дер Лајен дека нема да се разговара, но сепак член 14 вели сосема спротивно.

„Втората дилема која ја имаме и второто прашање е, бидејќи се спомена во говорот дека нема да зборуваме за историјата, но членот 14 од истиот документ тоа не го говори. Членот 14 вели сосема спротивно, а тоа е дека деновиве ќе биде потпишан документ којшто се нарекува Протокол, а во тој документ ќе се зборува за се, само нема да се зборува за владеење на право, борба против криминал и корупција, подобра економија, поквалитетно здравство, покомпетитивно образование. Туку ќе се зборуваме за средниот век, за 18 или 19 век, чиј бил Гоце, чиј бил Даме, чие било Илинденско востание.

Што значи дека според членот 14 и Протоколот кој за волја на вистината никој во македонската јавност не го видел ниту ја прочитал неговата содржина. Ние ќе зборуваме за се, само нема да зборуваме за иднина. Ќе зборуваме за проблеми од минатото. Односно ќе зборуваме како во 21 век да се асимилира македонскиот народ и да се уништи македонскиот идентитет.

Овој член 14, од документот наречен Заеднички став на ЕУ е поврзан со генералните позиции на ЕУ, членот 5 каде што покрај Копенхагеншките критериуми и критериумите дефинирани со договорот за стабилизација и асоцијација, само за Македонија, за ниту една земја членка од овие 27, ниту пак за Албанија не се поставуваат билатералните прашања како критериум. Тука јасно стои дека се потребни годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација на договореното според член 12 од Договорот за добрососедство, а поврзани со Протоколот кој никој жив во Македонија не го видел што значи дека не е точно дека нема да зборуваме за историја. Ние ќе зборуваме за се, само нема да зборуваме за тоа кое што е важно за граѓаните, а тоа е поквалитетен живот. Да бидам попрецизен ќе бидеме фокусирани само на историја“, кажа Мицкоски.