Денеска остварив средба со претседателот на Владата на Унгарија, Orbán Viktor.
Нашиот разговор беше фокусиран на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување.
Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер.
Во разговорот нагласив дека Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот.
Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика.
Фејсбук статус на премиерот Христијан Мицкоски.