Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: ДЕНЕС ИМ ОДДАВАМЕ ПОЧИТ НА СИТЕ РАБОТНИЦИ

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, упати честитка до сите граѓани по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. „Денес им оддаваме почит на сите работници – на луѓето кои со својата упорност, одговорност и честитост го движат нашето општество напред.

Трудот е една од најголемите вредности врз кои се гради достоинството на секој човек, и токму затоа тој претставува темелот на секоја стабилна и напредна држава.

Како Влада, остануваме целосно посветени на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Ќе продолжиме со политики кои значат зголемување на минималната и просечната плата, унапредување на пензискиот систем, отворање нови работни места, јакнење на работничките права и намалување на невработеноста.

Веруваме дека секој успех започнува од човекот и зависи од неговата сигурност, стабилност и мотивација. Затоа вложуваме во вистинските вредности – трудот, знаењето и достоинството на човекот. Да продолжиме заедно да ја градиме Македонија како праведна, солидарна и просперитетна држава за секој наш граѓанин. Честит Први мај – Меѓународен ден на трудот!“, стои во честитката на премиерот Мицкоски

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ