Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

МИЦКОСКИ : ДЕНЕСКА ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА И НА ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЌЕ ПОБАРАМ ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИЈА И ЖЕСТОКА АКЦИЈА ПОРАДИ ДРАМАТИЧНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ ПРОИЗВОДИ

„Веднаш после овој настан ќе имаме седница на Владата и ќе побарам од Владата односно од Пазарниот инспекторат една робусна, жестока акција затоа што добивам информации дека некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу однесувањето на трговците во однос на цените со новогодишната кошничка.

Тој беше дециден дека со трикови не функционира и дека тие коишто мислат дека ќе прават трикови, се лажат.

„Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го надоместуваат со зголемување драматично на некои други призводи кои што ги користат граѓаните, како што е маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќер, сол, јајца и слично. Трикови не може, тоа нема оваа Влада да толерира. Жестоко има да се справиме со овие што мислат дека нè надмудриле. Нема такви коишто мислат дека со трикови ќе нè надмудрат.

Мицкоски апелираше до големите трговски ланци да си го преиспитаат однесувањето.

„И ќе побарам од Пазарниот инспекторат детална анализа како е покачена цената во изминативе 30 дена на овие производи. Срамота е ова што го прават пред празниците коишто доаѓаат. Сакавме добра волја да покажеме, сакавме да се договориме, видете како враќаат. Ова не е коректно и јас денеска од страна Владата, од страна на министерот за економија и труд, под чии ингеренции спаѓа Пазарниот инспекторат, ќе побарам вонредна инспекција, робусна акција и ова девијантно однесување со трикови да престане“, потенцираше премиерот Мицкоски.

„Не сакам понатаму да коментирам, најпрво да излеземе на терен“, одговори тој на прашањето дали ќе има казни за трговците.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ