Денеска одржав средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Паоло Палминтери, при што разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и заедничките иницијативи во различни области. Ја истакнав заложбата да се интензивира економската и културна соработка, како и интензивирање на односите во областите кои се од заедничко значење и важност.
Италија е важен економски и политички партнер на Македонија, а посветеноста кон унапредување на релациите останува приоритет. Ваквите средби се од особено значење за зајакнување на пријателството и градење цврсти партнерства меѓу нашите две земји.
View this post on Instagram