МИЦКОСКИ ДА СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА УЧК! ДУИ СО ПРЕДЛОГ ДО ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

0
677

Наместо да повикува на војна сред Собрание, пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане – му порачува ДУИ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„Наместо секој ден да потонува во антиалбански и антиевропски сентименти, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја поддржи европска Македонија и уставните измени“ – повика ДУИ во соопштение.„Наместо да се грижи за ДУИ, треба да се грижи за Северна Македонија.

Наместо Мицкоски да дава насоки на своите градоначалници да не издаваат дозволи за градба и потврди за законска легализација на Албанци, наместо да забранува доделување на работа на Албански фирми, да им дозволи на своите пратеници да гласаат по своје убедување.

Наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен калашников и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб-страницата на партијата и на Албански јазик. Наместо да повикува на војна сред Собрание, пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане“ – му порачува ДУИ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.