МИЦКОСКИ ДА ГО ИСКОРИСТИ ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ И ДА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА СВОИТЕ ШТО ГИ ЛАЖЕШЕ ЗА НАВОДНА БУГАРИЗАЦИЈА И АСИМИЛАЦИЈА, ВЕЛАТ ОД БИХАЌКА

0
706
Еве му прилика на Христијан анти ЕУ Мицкоски, вечер, на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на своите сопартијци што ги лажеше.
Да им се извини за лагите за наводна бугаризација и асимилација.
Да им се извини за измислените манипулации за продавање на идентитот.
Да им се извини што велеше дека нема да почнеме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик.
Да им се извини што во ЕПП прифати нашата земја да биде срамно претставена со кратенка од регистерка табличка.
Да им се извини за сите навреди, колнења и хушкања кои ги тераше да ги кажуваат само за да ја спасат неговата политичка кариера.
Им должи Мицкоски извинување и за неуспешните крвави сценарија за предизвикување дестабилизација и етнички конфликт во дравжата, за обидот за блокада на европскиот пат на државата.
Секако доблесно би било и да потврди дека македонскиот јазик со чиста формулација без фусноти станува дел од преговарачкиот процес со ЕУ но тоа е прмногу да се бара од Мицкоски.