МИЦКОСКИ : ДА БЕШЕ ТЕНДЕР ЗА ДУИ И АРТАН, КОВАЧЕВСКИ ВЕДНАШ ЌЕ СФАТЕШЕ, А ВАКА НИ ТОЈ САМИОТ НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА ЈА СФАЌА ВАЖНОСТА ЗА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ПРЕД НАЛЕТОТ НА ДУИ ЗА КРИМИНАЛИЗИРАЊЕНА МАКЕДОНИЈА

0
57

Пред два дена повикав за македонско национално единство. Јас доколку не повикав на национално обединување би го погазил супстратот и идеологијата на мојата партија, затоа што ВМРО е и Демократска партија за македонско национално единство. Пред сликата на руините и хаосот кој го прави оваа власт, ви велам дека секоја наша разлика со било која партија, е помала од големата и заедничка работа пред нас, а тоа Македонија и нашата борба да кажеме дека има надеж и дека има иднина. На овој мој повик, побрза и панично и нервозно се јави Димитар  Ковачевски кој вели дека ни биле лоши работите, сме се плашеле и затоа сум повикал на единство, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Делчево.

„Не знаев до сега, дека е страв да се повика на македонско национално единство, затоа што сметам дека пред се тоа е моја патриотска должност. Па еве јавно да одговорам. Ќе запрашам што мислите кому во Македонија вистински му пречи национално единство и обединување на партиите околу главната цел Македонија да биде силна и средена држава? Кому му смета па креваат глава против тоа единство? Ќе ви одговорам, тоа се криминалците од ДУИ, кои ги фаќа паника и страв па побрзаа да стиснат на копчето кое го поседуваат, а се вика Ковачевски Димитар и Пендаровски Стево. Ковачевски, да беше тендер за ДУИ и Артан веднаш ќе сфатеше, а вака ни тој самиот не верувам дека ја сфаќа важноста за национално единство пред налетот на ДУИ за криминализирање на Македонија. Разочаран од него колку грчевито се бори против националното единство што е просто неверојатно. Колку гледа да им учини на ДУИ што покажува дека е или уценет или заедно делат големи проценти од криминалот. А можеби се во прашање и двете работи“, кажа Мицкоски и додаде:

И многу ми е жал што пропуштаат историска шанса и што се седнати во скутот на Али Ахмети. И не ме чуди што и нивниот лидер Црвенковски го замрзна членството. Да можат и многу други ќе се замрзнат само да не го гледаат срамот во кој таа партија се претвори. Ја користам оваа прилика да го споменам, и нивниот претседател кој што доаѓаше од редовите на СДСМ а беше претседател на Македонија, велеше „многумина сакаат Македонија да ја приграбат“ тој тогаш им порача епа не може, ама Ковачевски никако да му текне им вели повелете еве цела Македонија ви ја ставам на тацна само оставете ме уште еден ден во фотелјата.

Мицкоски му порача на Ковачевски да си тера со неговото тендерско единство со ДУИ а тој ќе продолжи да повикува на единство за Македонија.

„Нека си тера Ковачевски со неговото тендерско единство во ДУИ, јас ќе продолжам да повикувам на единство затоа што предолго Македонија е разединета на сто страни. И без оглед што некои поединци, дури и лидери и од таа опозиција, по налог на СДСМ ќе излезат да противречат на тоа единство, ќе бараат точки и запирки за расправа со ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин да бидат актуелни, единството е неминовен процес кој го посакуваат граѓаните кои се членови и на тие партии и тоа единство ќе се случи“, истакна Мицкоски.