Thursday, July 17, 2025
25.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИ НА ПРОМЕНИ, ИСПЛАТИВМЕ СУБВЕНЦИИ, ФЕР РАСПРЕДЕЛБА НА ЗЕМЈИШТЕ И ПОДДРЖУВАМЕ НОВО ПРОИЗВОДСТВО

Говорник: Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер

Почитувани граѓани,

Драги, браќа и сестри, драги пријатели,

Почитувани струмичани,

Велат,секој почеток е тежок.

Но,има нешто уште потешко – нов почеток. По долг период на разочарувања, тишина и неправда.

Нов почеток не од чиста страница, туку од запишано минатополно со порази, празни ветувања и изгубени шанси.

Таков почеток бара храброст.  Бара одлука.  Бара визија, бара решителност.
И токму таков беше почетокот што го направивме заедно, пред една година.

Почеток после кој не тргнавме од нула, тргнавме од минус.

Наследивме држава со нарушени институции. Со систем што одамна престанал да служи на граѓанинот. Со здравство каде пациентот чека, а не добива. Со администрација што не одговара, туку молчи. Со образование што доцни со светот. Со правосудство во кое повеќе никој не веруваше. Со генерации што си заминуваа од својата земја, не од лошо, туку од безнадежност.

Тоа беше, за жал,  Македонија што ја затекнавме.Но, тоа не е Македонија што ја прифативме.Не дозволивме тишината да победи. Не дозволивме безнадежноста да стане стандард. Не дозволивме да продолжи поразот.

Наместо тоаизбравме да почнеме одново. Од темел. Да градиме, со работа, не со зборови. Со дела, не со театри. Да ги поставуваме првите тули на едно ново општествоправедно, чесно, вредно, блиско до народот.

Ги зацврстивме носечките столбови што беа напукнати, довербата, правдата, одговорноста, визијата. Почнавме со тешките темелиневидливи, но неопходни. Темели на кои ќе расте нешто трајно, одржливо, нешто што е навистина вистинско.

Ова не беше обичен почеток. Ова беше почеток после долг молк. Почеток после деценија изгубени можности. Почеток кој што  природно изникна и дојде од народот. Почеток што беше заслужен. Ова беше почеток што не нуди чуда, туку понуди чесна борба, понуди пат што нема да биде лесен, но ќе води напред. Пат на кој секој ден е нова победа.

Секој одговор даден на граѓанин е победа.  Секое вратено чувство на сигурност е победа. Секое достоинство, враќано чекор по чекор е победа.

 Знам дека не е лесно. Знам дека животот и денес е тежок за многумина. Последиците од погубното владеење на СДСМ и ДУИ сè уште се чувствуваати во семејните буџети, и на шалтерите, и во болничките чекални, и во училиштата. Знам дека инфлацијата што кулминираше во нивното време, под влијание и на надворешни кризи, но и поради нивната неспособност, остави длабоки траги.  Системот беше осакатен и тоа не се поправа преку ноќ.

Ние не се правиме недопирливи. Ние сме дел од овој народ, ги живееме истите предизвици.  Затоа и ја знаеме тежината на задачата што ја преземавме.  

Но уште повеќе, ја знаеме одговорноста. Има многу што треба уште да се направи. И потребно е време тие промени да се почувствуваат во секое семејство, во секој живот.

Но едно можеме да ви го ветименема откажување.  Нема враќање назад. Македонија нема алтернатива освен да одиме напред. И ние ќе продолжиме  со уште повеќе сила, со уште поголема посветеност.

Во изминативе нешто повеќе од 365 дена работевме на темелите. На системски промени. На враќање на довербата на институциите.  Работевме да ја стабилизираме државата, да ги консолидираме состојбите, да го вратиме правецот.

И токму затоа, денес не зборуваме за спектаклитуку за промени. Промени што се случуваат секој ден, во секоја општина, во секоја болница, во секој административен шалтер, во секоја училница.

Почнавме да градиме држава по мерка на граѓанинот. Држава која што ќе те слушне. Држава што ќе те почитува и она што е најважно, држава што ќе ти служи.

Струмица тие промени ги чекаше повеќе од кого било. И оваа есен, сигурен сум, дека ќе бидат  заокружени со огромна победа на локалните избори.

Премногу долго, овој град и сите негови околни места беа заробени од една фамилија, од една фамилија која се однесуваше како Струмица да е нивен личен имот, а не град на горди Струмичани. Заборавија дека Струмица му припаѓа на граѓанинот, не на фирмите и круговите во кои тие се затворија.

Ние, иако ја водиме државата само една година, не го заменивме народот со дебелите црвени килими. Работевме, решававме проблеми, додека тие од опозицијата се занимаваат со „златни визи“симбол на златното богатење на грбот на македонскиот народ.

Видете, можеби во Дубаи можеби им е убаво, но коренот е тука, во Струмица, во Македонија.

А Македонија и Струмица се и македонските земјоделци.За помалку од една година исплативме повеќе од 9 милијарди денари субвенции. Направивме распределба на земјоделско земјиште. Имаме раст на извозот во првиот квартал од 5%. Вкупно се вклучени 2.109 договори на околу 6 илјади хектари. Беше распишан Јавен повик кој се однесува на Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ каде се доставени 254 апликации.

Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме, гаранција за услуга  во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желбатуку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор навреме, точно и без чекање.

Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивноСтаваме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција.

Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација.

Ќе воведеме јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандардпациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга.

Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатотоќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата која што ја градиме.

Ова се темелите што ги поставуваме. Не ветуваме дека ќе биде лесно.

Но, ветуваме дека ќе биде чесно, и нема да биде срамно.

Ќе биде наше.  Ќе биде вистинско.

И  најважно  ќе биде за тебе.

Затоа денес можеме со гордост да кажеме:

1 година од новиот почеток.
1 година градење темели.
1 година – за тебе!

Ова е само почеток.

Но, веќе е почеток кој што долго го чекавме.
Почетокот на нова поинква татковина.

На земја во која ќе сакаме да живееме.
Земја на можности, на ред, на човечност, на просперитет.
Земја која ќе биде твоја, ќе работи за тебе и ќе расте за тебе.

Доаѓа времето на Македонија!
Ги градиме темелите на промените!
За иднината која ја заслужуваме.
За Македонија која ќе не обедини, а не раздели.
За држава што ќе останеза генерациите што допрва доаѓаат.

Благодарам СтрумицаБог да ја благослови Струмица и Бог да ја благослови Македонија.

Ви благодарам.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ